Николоски набљудувач на изборите во БиХ и Бугарија

Од:

Пратеникот Александар Николоски е назначен за член на две ад-хок комисии на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Тој ќе ги набљудува парламентарните избори во Босна и Херцеговина закажани за 12 октомври и предвремените парламентарни избори во Бугарија оваа есен.

Николоски, кој е шеф на македонската делегација и потпретседател на мониторинг комитетот, е назначен од име на Групата на европски народни партии.

За член на мисија за набљудување на избори може да биде избран само пратеник од држава која спроведува високо демократски и слободни избори, со што изборот на Александар Николоски е и признание за Република Македонија.

Досега, Николоски бил член и на ад-хок комисиите за набљудување на парламентарните избори во Бугарија и претседателските избори во Азербејџан во 2013 година.

Парламентарното собрание на Советот на Европа за првпат во 1974 година учествуваше во набљудувањето на изборниот процес и е првата институција која почитувањето на принципите за слободни и фер избори го постави како услов за членство.

За набљудувањето на изборите, Парламентарното собрание на Советот на Европа има утврдени прописи кои се однесуваат на почитување на принципите на демократијата, плурализмот и правото на слободни избори. Техничкото набљудување се фокусира на адекватноста на законите според кои се спроведуваат изборите, а се мониторира и политичкиот амбиент во кој се одвиваат изборите. За таа цел, членовите на ад-хок комисиите за набљудување имаат средби со изборните органи, претставниците на политичките партии застапени во Парламентот, како и со претставниците на граѓанското општество и медиумите.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела