Николоски: Дали причината зошто Царовска се обидува да го истурка законот за дигитални учебници е дека тој вреди 125 милиони евра поврзани со фирми од Хрватска?

Од:

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на министерката Мила Царовска дека ВМРО-ДПМНЕ го опструира законот за дигитални учебници, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вели дека тој закон таков како што сега е напишан, не треба да биде донесен.

-Ако Мила Царовска го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека прави опструкции за носење на овој закон, би рекол дека е во право, затоа што ние сметаме дека тој закон таков каков што е напишан, не треба да биде донесен, рече Николоски.

Според него кога се прави една голема образовна реформа, треба да широк консензус и дијалог со сите засегнати страни.

-Кога се прави една голема образовна реформа, првата работа што треба да се направи е широк општествен консензус и дијалог со сите засегнати страни, и со опозицијата но и со стручната фела, тоа не е направено во овој случај и се турка законот на сила во една нетранспарентна постапка.

Николоски меѓу другото истакна дека таканаречениот дигитален учебник се спротивставува на целиот образовен систем како и на тековите во Европа, посочувајќи ја како пример Франција која забрани употреба на било каков електронски уред на деца до 15 години.

-Досега никој не видел како ќе изгледа тој таканаречен дигитален учебник, а во исто време тоа се спротивставува и на целиот образовен процес и на ако сакате тековите во моментот во Европа. Имено францускиот министер за образование пред неколку дена кажа дека Франција забранува употреба на било каков електронски уред за деца до 15 години, а камо ли да ги ставите учебниците на таблет или на телефон, вели тој.

На крај потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски го упати уште еднаш прашањето до министерката Царовска дали овој проект се турка на сила бидејќи вреди 125 милиони евра за 5 години поврзани со фирми од Хрватска.

-И работа за која што Мила Царовска одбегнува да даде одговор иако јас еве 10 дена има откако првпат ја кажав па ја повторив на интервју пред два дена е дали причината зошто го тера и го турка на сила овој проект за дигитални учебници е од лукаративен карактер односно дали причината зошто се обидува да го истурка ова вреди во 5 години 125 милиони евра поврзани со фирми од Хрватска. Еве трет пат правам провокација да одговори дали е оваа причината, праша Николоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски