Николоски: Црвенковски и СДСМ нека спијат во апартманите на охриѓани кои се празни

Од:

Охриѓани станоиздавачи во присуство на пратеникот од ВМРО- ДПМНЕ, Александар Николовски денеска се пожалија дека на сметка на масовната градба на нови станови кој биле во сопственост на скопјани и битолчани, нивните апартмани и станови ова лето останале празни иако ги плаќале сите потребни давачки.

„Доаѓа до тоа тие да ги издаваат становите на црно, а ние како пријавени станоиздавачи не можеме да извадиме парче леб. Јас го поздравувам тоа што владата носи гости, хотелите работат добро, но кај нас е катастрофа“ рече Зоран Зафироски.

Пратеникот Алекснадар Николоски рече дека преку 10.000 луѓе во Охрид живеат од издавање на станови.

„Од тие пари тие преживуваат во текот на целата година. Во изминативе години на владеењето на Бранко Црвенковски се уништи целото стопанство во Охрид, и овие луѓе кои останаа без работа во тоа време. Илјадниците станови кои се градат во Охрид, значат илјадници туристи помалку во Охрид. Тоа значи дека градот е навидум полн, но становите и апартманите на охриѓани се празни. Единствена светла точка се странските туристи кои доаѓаат, а кои се резултат на субвенциите кои ги понуди Владата. Ако пред неколку години сезоната во Охрид почнуваше на почетокот на јули, потоа на 12 јули, денеска на 23 јули сезоната се уште не е почната“, рече Николовски.
Тој на Социјалдемократите им порача за време на нивниот престој во Охрид деновиве пред одржувањето на митингот во недела да спијат во апартманите и становите на овие луѓе , а кои сега им се празни и да им објаснат зошто е тоа така.

Раководителот на секторот за туризам во општина Охрид, Гоце Симоновски рече дека станува збор за чиста манилупација на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сметам дека овие изјави не држат место. Тоа се изјави кои се политички. Причина зошто кај приватните станоиздавачи има помалку гости е катастрофалната економска состојба во која граѓаните на Република Македонија се наоѓаат“ рече Симоновски. Според него премногу е тешко од семејниот буџет граѓаните да издвојат барем 100 евра за да дојдат во Охрид на неколку дена. „Во Охрид има регистрирано 2000 приватни станоиздавачи“ рече Симоновски

Двете страни прес конференциите ги одржаа на само 100 метри одалеченост.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски