Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на Јавното претпријатие за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура

Од:

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска го повика Јавното обвинителство да го испита работењето на ЖРСМ Инфраструктура и на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) врз основа на наводите од извештајот за јавните инвестиции на Државниот завод за ревизија.

Според Николоски, Извештајот отвора сомнеж за досегашното работење на ЈПДП, меѓу другото за патот Дреново-Градско за кој проект вели дека има ризици од арбитража, како и за зголемената вредност на автопатот Кичево-Охрид за 175 милиони евра, а за кој се потрошени 446 милиони евра, а не е завршен и по 10 години од стартот на изградбата.

За третата фаза од пругата кон Бугарија каде вредноста е зголемена за 220 милиони евра односно на 560 милиони евра наместо првично планираните 340, според Николоски, во крајно нетранспарентен процес почната е тендерска постапка пред избори во услови кога, како што рече, сите знаеја дека ќе има промени на власта. Понуди на тендерот се доставуваат до денеска, но министерот посочи дека засега не може да направи ништо за евентуално поништување. Ќе следи процес на евалуација заедно ЈПДП и меѓународните кредитори ќе се разговара за ревидирање на проектот.

– Се работи за најскапа пруга која завршува во тунел кој нема крај, а за која Бугарија нема ниту проект за железничко поврзување, рече Николоски.

Ги повика меѓународните кредитори, како што рече, да седнат и да разговараат дали е ова начин и дали вреди вака да се трошат народните пари, а ЈО да го испита работењето на двете претпријатија.

По промена на раководството во ЈПДП најави дека ќе побара декласифицирање на Договорот со Бехтел и Енка за автопатските делници на коридорите 8 и 10Д.

Би можело да ве интересира

Николоски: Планираме од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови

СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту нова траса за пругата, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Николоски: Нема уставни измени под бугарски диктат, без гаранции дека нема да има нови вета

Поголемиот дел од автопатот Охрид – Кичево да биде пуштен до почетокот на следната летна сезона очекува министерот Николоски

До Нова година ќе бидат пуштени експресните патишта Прилеп – Градско и Ранковце – Крива Паланка

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта