Николоски: Антикорупциска да испита како Таравари доби куќа на подарок за влез во Владата

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ја повика Антикорупциска комисија да го испита случајот со куќата во општина Карпош која лидерот на Алијанса за Албанците ја купил за 153.000 евра затоа што неговата партија се сомнева дека таа му е подарок за да го зголеми парламентарното мнозинство и да влезе во Владата.

– Останува неодговорено дали Таравари има договор за солемнизација или е подарок. Во неговиот имотен лист ја нема куќата затоа што според нашите сознанија нема ни трансакција за куќа купена наводно за 153.000 евра.

Новите соседи во Скопје се Арбен Таравари и актуилниот министер за финансии Фатмир Бесими. Антикорупциска да испита како е можно куќа во Тафталиџе за обичните граѓани да чини помеѓу 2000 и 3000 евра за метар квадратен, а овие двајца да ја купуваат за 500 евра по квадрат. Да не зборувам за моралниот дел. Арбен Таравари е градоначалник во Гостивар, но си купува куќа во Скопје – рече Александар Николоски.

Со Предлогот за реконструкција на Владата, тројцата министри од Алтернатива, за здравство, за информатичко општество и администрација и за дијаспора треба да бидат разрешени и заменети со кадри од Алијанса за Албанците. Истовремено треба да се констатираат и оставките на министрите за правда Никола Тупанчевски од СДСМ и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини од ДУИ, кои остапуваат по едно министерско место.

По разрешувањето на овие министри, следи изборот на новите кадри – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, сите тројца од редовите на АА, како и на Каја Шукова од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка