Николчо Илијев нов претседател на Советот на градоначалници на Источно плански регион

Од:

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев е избран на денешната прва седница за нов претседател на Советот на градоначалници на Источно планскиот регион, а која се одржи во Штип. Единаесетте градоначалници од Источно планскиот регион и познат како Брегалнички регион едногласно ја донесоа одлуката во наредните две години со Советот на градоначалници да раководи Илијев.

– Сметам дека оваа функција која ја добив и која ја имам е само уште една дополнителна обврска и одговорност пред сите граѓани од истокот. Очекувањата на граѓаните од истокот, а веројатно и од цела Македонија се големи. Затоа оттука нашите обврски ќе бидат многу големи. Моите очекувања се добра соработка со моите колеги. Јас ќе бидам прв меѓу еднаквите, кој ќе се бори за секој проект, за секоја една идеја, која ќе допринесе за подобар живот и развој на истокот, кој е подолго време запоставен, вели Илијев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот