Никола Ѓурѓај реизбран за претседател на МД „Илинден“

Од:

Македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана одржа изборно Собрание, на кое за претседател едногласно е реизбран Никола Ѓурѓај. За потпретседател е избран Незир Меча, а за секретар Естела Карамешиноска.

Во следните четири години за прв човек на разгранокот на друштвото за Голо Брдо е реизбран Или Халилај, а за потпретседател Фатри Фетаху.

– Како и досега и во периодот 2019/2023 година друштвото ќе работи на заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија. Нашите заложби секако ќе бидат и во насока на целосна интеграција на Македонците во политичкиот систем и институциите на власта во Република Албанија, изјави Ѓурѓај.

Македонското друштво „!Илинден” годинава одбележа десет години од формирањето. Иако постојат повеќе друштва на Македонците во Албанија, „Илинден” е најактивно. Тоа е издавач и на весникот !„Илинден” единствен печатен медиум на македонски јазик во Албанија.

Би можело да ве интересира

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили

Албанија го отвора последниот Кластер од пристапните преговори со ЕУ

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога