А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Никоб“ ќе ги обезбедува Владата, министерствата и институциите низ државата за 3 милиони евра

by А1он04/10/2018 - 11:4104/10/2018 - 11:41494
Share0

Агенцијата за обезбедување „Никоб“ го доби тендерот на Службата за општи и заеднички работи на Владата за тригодишно физичко обезбедување на повеќе од 30 државни објекти во земјава.

Добивај вести на вибер

„Никоб“ на тендерот доставил најповолна понуда. Договорот е склучен на 2 октомври, а вредноста е со вклучен ДДВ е нешто над 3 милиони евра. На тендерот биле дадени три понуди, при што најниската била за 8 500 евра пониска од највисоката понуда и изнесувала 2,61 милиони евра (без ДДВ).

Услугата опфаќа физичко обезбедување, односно физичка заштита на имотот на државните органи во нивните објекти, заштита од пристап на неповикани лица и други форми на штетни дејствија, како и заштита и обезбедување на личната сигурност на лицата кои работат во објектите на државната управа.

„Никоб“ треба да прави и надзор врз видеокамерите во објектите и да го одржува редот во просторот. Основач и сопственик на „Никоб“ е бизнисменот Кирил Лазаров.

Васко Маглешов

nikobvlada

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 14:12

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:1823/03/2026 - 14:18

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:0119/02/2026 - 13:41

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Горан Наумовски17/02/2026 - 22:02

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3517/02/2026 - 13:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто