Нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто ќе бидат осветлени со боите на македонското знаме

Од:

Нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто вечерва ќе бидат осветлени со боите на македонското знаме во чест на 30 годишнината од прогласувањето на независноста на Република Македонија.

Во одделна церемонија која почнува во 11:30 часот по источноамериканско време, Македонците од Њујорк и Њу Џерси ќе извршат свечено подигање на македонското знаме на два јарбола на Волстрит, на плоштадот пред познатата бронзена фигура на бикот.

За одбележување на овој значен јубилеј на македонската независност, Канадско-македонското историско друштво обезбеди „Си-ен“ кулата во Торонто да биде осветлена во црвено и жолто. Илуминацијата ќе почне на зајдисонце и ќе се одвива во интервал од 30 минути секој час во текот на ноќта до изгрејсонце.

Под покровителство на фамилијата Битов, пак, бордот за илуминација на Нијагарините водопади одлучи водопадите да бидат осветлени со боите на македонското знаме вечерва во времетраење од 15 минути со почеток во 23 часот.

-Најсоодветно е кога Нијагарините водопади, признати како седмо светско чудо, ја признава 30 годишницата од независноста на Македонија. Таа нескротлива моќ, убавината и силата на водиопадите се симбол на напорите на мојот татко Џон Битов-постариот, и останати дејци, кои си земаа за обврска да извојуваат глобално признавање и независност земјата во услови на мир, соопшти Јордан Битов.

Канадскиот бизнисмен со македонско потекло Џон Битов, еден од идејните основачи на „Македонија 2025“, почина во 2015 година, е истакнат потомок на македонски доселеници во Северна Америка кој направи клучни напори во движењето за независноста на Република Македонија при крајот на 1980-те и почетокот на 1990-те, и издејствува признавање на нашата земја од Канада.

Во Њујорк сити, пак, денеска ќе се оддржи свечена церемонија во чест на јубилејот три децении од независноста на нашата земја со подигање на македонското знаме на јарболите на плоштадот пред статутата на бикот на Волстрит.

На свеченоста на која се очекува да дојдат повеќе гости, говор ќе оддржат претставници на Обединета македонска дијаспора и конзулот на Северна Македонија во Њујорк.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов американски напад на Кариби, тројца мртви

Азизи: Техеран нема планови за разговори со Вашингтон

Русија објави можност за нормализирање на односите со САД

„Киев пост“: Дали на САД им снема опции за нови санкции против Русија?

Мадуро со порака до Трам, бара САД да се заложи за мир меѓу двете земји

Горан Наумовски

Планот на САД за Газа предвидува „Црвена зона“ каде што не е планирана реконструкција