Ниеден Македонец во Египет не побарал да се врати

Од:

Ниту еден Македонец кој престојува во Египет досега не побарал помош од МНР ниту од македонската амбасада во Каиро.

Нехат Емини секретар во Амбасадата во Каиро за МИА потврди дека никој од македонските државјанин кои живеат или туристички престојуваат во Египет досега не побарале помош или евакуација од земјата.

Од МНР информираат дека само една Македонка, која студирала во Холандија, се пријавила дека поради студенска размена престојува во Египет, но не побарала помош.

Во агенциите кои организираат аранжмани за летување на македонски граѓани во Египет велат дека засега немаaт барања за враќање или за откажување на аранжаманите.

Нема информации колку точно Македонци престојуваат во Египет. Дел од македонските туристи кои летуваат во таа земја таму заминале преку српски туристички агенции.

Од претставништвото на српската туристичка агенција „Контики“ во Скопје тврдат дека без проблеми се реализираат аранжаманите и укажуваат  дека  летувалаштата каде што има туристи од државава се далеку од градовите каде што има немири.

–  Нема барања за враќања или за откажувања. Имаме аранжамани во Шарм Ел Шеик, но нема проблеми, велат од Контики. Нивната следна тура со туристи во Египет, кои треба да заминат со чартер лет од Белград е планирана за 8 јули.

Според Националната асоцијација на туристички агенции на Србија моментно во Египет има околу 2.000 туристи, но досега немало барање за враќање или за откажување на аранжаманите. Ситуацијата во египетските летувалишта Шарм Ел Шеик, Хургада, Таба и Ел Гуна, е мирна. Најатрактивните туристички дестинации во Египет се на околу 1.000 километри од Каиро.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија останува на препораката македонските граѓани кои патуваат или планираат да патуваат за Египет да ги избегнуваат местата каде што може да има протести или масовни собири и да обрнат поголемо внимание за сопствената безбедност.

– Со оглед на последните случувања и внатрешни немири во Египет, при што повеќе градови беа зафатени со протести проследени со насилства и човечки жртви, Министерството за надворешни работи им препорачува на сите македонски граѓани кои патуваат или планираат да патуваат во оваа земја, да ги избегнуваат местата каде што може да има протести или масовни собири и да обрнат поголемо внимание за сопствената безбедност, соопшти МНР.

На македонските граѓани им се препорачува и редовно да ја следат состојбата во Египет, да го контактираат МНР за евентуални дополнителни информации, а во случај на потреба за помош, македонската Амбасада во Каиро.

Во судирите меѓу приврзаниците и противниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси, загинаа најмалку 30-тина лица. Египетската војска синоќа соопшти дека на досегашниот шеф на државата му е одземена власта.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски