Ни збор за злоупотребите со АКМИС-от и насоките на Прибе во годишниот извештај на Судскиот совет

Од:

Судскиот совет го објави годишниот извештај за сработеното за 2017 година. Првичниот впечаток е дека извештајот е формален, а не суштински и не содржи ништо од препораките на Рајнхард Прибе, а проблемите со распределбата на предмети во кривичниот и во Врховниот суд се споменуваат само еднаш во целиот извештај. Нема информација зошто затаила контролата над АКМИС-от во кривичниот суд во Скопје, за местење подобни судии на одредени предмети, бидејќи, меѓу другото, тоа му е законска надлежност.

Во Извештајот пишува дека Советот во 2017 година постапувал по 7 барања за поведување постапка за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција, поднесени од Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност на судија. За судиите од Врховниот и Апелациониот суд за кои е поведена постапка за разрешување, за ослободувањето од притвор на обвинетиот бизнисмен, Сеад Кочан, пишува дека постапката е во тек. За цела година, Советот утврдил нестручно и несовесно работење на охридски судија, а ги запрел постапките за други двајца судии во кривичниот суд во Скопје, и за судија во Радовиш.

Но, затоа во заклучоците, членовите на Советот напишале дека ќе работеле на активности за јакнење на довербата на јавноста во судството, преку зголемена транспарентност и активности за информирање. Приоритетите на Советот ќе ја гарантирале на независноста на судството, преку унапредување на процедурите за избор и унапредување на судиите, оценување на нивната работа, и на системот за утврдување на одговорност на судиите, како и подобрување на материјално финансиската состојба на судовите, судиите и судскста администрација.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за претседател на Управниот суд

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца