Ни најавените казни не ги предомислија лекарите за штрајкот

Од:

Од Самостојниот синдикат на Клинички центар велат дека нема да подлегнат на притисоците за отпуштања и поднесување прекршочни пријави против лекарите, и најавуваат дека ќе го прифатат барањето на Инспекторатот секој ден три часа да прегледуваат итни пациенти во амбулантите.

Инспекторатот констатирал дека пет пациенти со малигно заболување, кои требало да бидат оперирани, се испишани од Клиниката за гинекологија без образложение и дека клиничките амбуланти незаконски биле затворени кога и во услови на штрајк биле обврзани да понудат минимална здравствена услуга.
За лекарите, обвинувањата на инспекторатот се неосновани затоа што, како што велат, клиниките легитимно работеле по правилата и планот изречени во услови на штрајк така што биле прегледувани сите пациенти кои се итни, а биле одложувани оние кои не се загрозени.

Специјалистите се огорчени од манипулативниот ивестување на некои од медиумите по однос на вчерашните информации од инспекторатот и истакнуваат дека за овие навреди и клевети ќе бидат поднесени кривични тужби, до медиумите, кои имале за цел само да го оцрнат штрајкот, но и до инспекторатот.

„Комплетната акција на Државниот санитарен инспекторат е нелегитимна во моментов затоа што се направи масовина инспекција, наменска, во услови на штрајк, а се постапува како да сме во услови на редовна работа. Паушалните изјави од страна на одговорни лица од инспекторатот и од некои медиуми, кои наменски ја прикажаа сликата како таква за да ги оцрни докторите, ќе имаат судска завршница“, рече Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар.

Би можело да ве интересира

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Над 40 камери прегледани и над 15 лица сослушани во врска со убиството на докторот во Железара

Предраг Петровиќ

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Матичните лекари неколку часа нема да работат поради убиството на докторот во Железара