Незири против ограничување на движењето на старите возила

Од:

Министерот за економија Беким Незири очекува во наредните неколку години во Македонија да нема ограничувања за користење  стари возила кои не ги исполнуваат еколошките стандарди или да се забрани нивно регистрирање.

– Како ресорен министер дадов негативно мислење за ова барање  и реков дека ќе направам детална анализа. Ценам дека таквата мерка ќе има големи негативни ефекти врз економијата, а со неа ќе бидат засегнати и граѓаните. Се работи за голема бројка од 100 до 150 илјади возила и мислам дека ќе претставува радикална мерка ограничувањето на нивното движење или, пак, оневозможувањето да се регистрираат. Сметам дека такво нешто нема да се случи во наредниве неколку години, рече министерот Незири во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Министерството за економија.

Тој истакна дека за 14 дена Министерството треба да ја информира Владата за позитивните и негативните мерки од воведувањето на таквата мерка.

– Според податоците кои ги добивам од службите, јас како министер, но и Министерството за економија нема да поддржи ваква мерка. Мислам дека и Владата ќе има слух и оти ќе ја прифати анализата што ќе ја направиме, нагласи Незири.

Комитетот за заштита на животната средина неодамна на седница на Владата побара да се разгледа можноста да се оневозможи регистрацијата на старите возила, за почеток со ЕУРО 0, а подоцна и со ЕУРО 1 стандард, или да биде редуцирано нивното движење во Скопје поради нивното партиципирање во загадувањето на градот.

Би можело да ве интересира

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

Фицо ги повика партиите да го поддржат писмото испратено до Зеленски за транзитот на руска нафта

Предраг Петровиќ

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Светските економии да се подготват: Доаѓаат незамисливи шокови

Предраг Петровиќ

АЛТА банка ја претставува новата апликација ALTA Bank2Go за побезбедни онлајн трансакции