Незири: На Абази му посакувам успех, а јас ќе се вложувам за унапредување на состојбите во обвинителството

Од:

Ермон Незири, скопскиот обвинител кој за два гласа не ги доби изборите за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал, по изборниот ден, ги призна резултатите и му посака успех на избраниот противкандидат, Ислам Абази. Незири во изјава за „А1он“ вели дека ќе продолжи да го дава својот максимум за подобрување на состојбите во обвинителството.

„Би сакал да му честитам на новоизбраниот основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и да му посакам многу здравје и успех во работата. Својот глас на изборите го дадоа јавните обвинители кои одлучија за тоа кој треба да го води ОЈОГОКК, а јас ќе продолжам да работам во ОЈО Скопје и да се вложувам максимално за унапредување на состојбите во Јавното обвинителство“, вели Незири за „А1он“.

Новоизбраниот шеф на ОЈО-ГОКК, Ислам Абази, најмногу гласови добил од скопското обвинителство, каде вкупно 24 обвинители гласале за него. Потоа, во Вишото обвинителство-Гостивар за него гласале 16 обвинители. Во битолското Обвинителство, добил 13 гласа. Во Вишото обвинителство-Штип, седум обвинители му дале поддршка, а во републичкото има шест гласови.

„Вкупниот број на гласови изгледа вака. Абази Ислам добил вкупно 66 гласови, Незири Ермин добил 64 гласа, Пауновска Деса има добиено 10 гласови и Русковска Вилма има 14 гласови. Комисијата за избори може да констатира дека изборниот резултат се однесува на Абази Ислам, кој добил 66 гласови. Во рок од 7 дена ќе биде именуван. Согласно законот, кандидатите имаат право на приговор, како и избирачките, кои треба да го достават до Советот во рок од пет часа од објавување на резултатите, па во рок од 12 часа ќе се донесе одлука. Ако има некоја незадоволна странка, може да има и управен спор“, кажаа од комисијата која ги спроведуваше изборите.

Вкупно, право на глас имаа 163 обвинители.

Би можело да ве интересира

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

„Се шпекулираше дека ова столче е резервирано за ДУИ, тажно да се каже, но реалноста е таа“, истакнати правници за изборот на Абази

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Слики со Абази и челници на ДУИ испливаа во јавност, иако тој тврдеше дека нема контакт со никој од партијата

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Абази за блискоста со Ахмети: Можеби сме се сретнале, дружењето со такви личности не е забрането

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Новиот шеф ветува транспарентност, прашан кои се надлежностите на ОЈО-ГОКК вели: „Не сум на испит“

Кристијан Ландов