Независниот синдикат на судска администрација бара преговори со Владата за зголемување на платите

Од:

Независниот синдикат на судска администрација денеска одржа синдикален марш од пред платото на Основниот кривичен суд Скопје до Владата изразувајќи незадоволство од висината на платите во судската администрација и повика на преговори со Владата.

Претседателката на Независниот синдикат на судска администрација Јасмина Величкова го повика премиерот Димитар Ковачевки што поскоро да отпочнат преговорите со Синдикатот за зголемување на нивните плати.

– Го повикуваме претседателот на Владата да нѐ прими, односно во најкус можен рок да ги закаже преговорите и не по улици, туку да се гледаме достоинствено на преговори во Кабинетот, изјави Величкова.

Претседателот на Здружението за судска администрација Борче Мирчески посочи дека разликата во платите меѓу оние кои се хиерархиски највисоко и оние кои се најниско поставени, е голема и порача дека вработените во судската администрација нема да се откажат од барањата и дека зголемувањето што го бараат е законски и оправдано.

-Ја повикувам Владата да ги отпочне преговорите, но во тие преговори задолжително да ги вклучи претставниците на Здружението на судска администрација и претставниците на Независниот синдикат. Не може некој подобро да ја знае нашата ситуација. За жал, вработените во судската администрација никогаш не барале повеќе од што заслужуваат, меѓутоа за жал, никогаш не го добиле она што го барале, рече Мирчески.

Би можело да ве интересира

Синдикатот на УПОЗ бара исплата на ноемвриската плата и заостанатите додатоци за вработените во судовите

Синдикатите од судската администрација бараат итна исплата на додатоци, нови вработувања и донесување на законот за судска служба

Предложените измени на Законот за судска служба се неприфатливи за Независниот синдикат на судска администрација

Протест на судската и јавнообвинителска служба, бараат поддршка од пратениците за повисоки плати

Втор обид за договор меѓу Владата и судската и обвинителската администрација

Катерина Ѓуровски

Администрацијата од обвинителствата и од судовите на преговори во Владата