Независниот кандидат за Куманово Виктор Цветковски го посети Режановце

Од:

Кандидатот за градоначалник на Куманово од независната опција „Кога ако не сега“ Виктор Цветковски вети изградба на канализациска мрежа во село Режановце, откупен центар за праз и изградба на мини плоштади со детско катче.

– Режановце нуди одлични услови за производство на празот, така што во нашата програма за овој реон е планирана изградба на откупен центар за оваа култура, со што ќе се олесни производството. За да имаме добро производство, потребна е одлична поддршка со локална инфраструктура, така што во овој дел ќе се инвестира во изградба на канализациска мрежа, рече Цветковски на вечерашната средба со жителите од ова кумановско село.

Според програмата, овој проект ќе се реализира до 1 октовмри.
Средства за осветлување и за патишта во овој дел најавија носителот на листата Драги Караџински и кандидатите за советници од независната опција „Кога ако не сега”.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември