Независни професионалци и експерти во антикорупциска, препорачува Заев

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев смета дека Државната комисија за спречување на корупцијата треба да е составена од независни професионалци и експерти, бидејќи станува за една од најсериозните корективи на извршната власт и еден од главните органи кој се бори против корупцијата.

– Прашањето за докомплетирање на составот за Антикорупциската комисија е на Собранието, а јас од тоа што го прочитав од медиумите знам дека неколку луѓе поднеле оставка и познато е дека се подготвуваат измени и дополнување на Законот. Мене ми е важно да има апсолутно експертска, независна и професионална комисија, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по завршување на денешното судење за „Поткуп“.

Премиерот посочи дека неделава планира да почне разговори за зголемување на парламентарното мнозинство.

– Планирам да разговарам со партиите кои имаат пратеници во Собранието, а досега не се дел од парламентарното мнозинство. Како ќе течат преговорите веднаш преку медиумите ќе и соопштувам на јавноста, потенцира Заев.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Левица: Со демантот за октоподот, ДКСК индиректно призна дека работи за власта

Во Антикорупциска има мрежа преку Цвета Ристовска за контрола на предмети за ВМРО-ДПМНЕ, тврди Левица

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите