Независни и стручни или партиски кариеристи, за какви антикорупционери ќе гласаат партиите

Од:

Вкупно 57 кандидати, меѓу нив, судии, обвинители, ревизори, адвокати, економисти, државни службеници, новинари и невработени, пензионери, седнаа на жешкото столче каде беа распитувани за визиите и што е нивната предност за да станат членови или претседател на новата Антикорупциска комисија.

Некои се снајдоа во одговорите, но поголем дел не одговорија на предизвикот. Изненадувањето дојде кога по нивните силни заложби за ефикасно справување со корупцијата, ќе налетаа на прашања за партиско членство, роднински врски со функционери, нетранспаренто досегашно работење и неработење.

Државниот секретар во правда, Радица Лазерска Героска половина час ја убедуваше Комисија, особено новинарите и претставниците на НВО, дека знае и ќе биде бескомпромисен борец за нула корупција, но остана затечена и тешко и беше да се присети дали е во роднинска врска со вицепремиерката и заменик претседател на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

Маја Малахова претседателката на Комисијата за жалби по јавни набаваки тврди дека 10 години не добила пристисоци, иако низ раце им поминале проектот „Скопје 2014“, како и јавни набавки од неколку милијарди евра. Прашана од каде кај неа желба за борба со корупцијата кога 10 години не алармирала за сомнителни тендери, Малахова одговори дека Комисијата беспрекорно работела. Тања Алтанџиева, поранешна членка на ДИК, мораше да одговори за партиското минато, во два наврати како заменик министер.

Поранешен лустратор во два мандати, Бецко Здравевски, човекот кој го лустрираше Славко Јаневски, а во бомбите Јанкуловска и Мијалков го фалеа како нивни човек во своите 30 минути се бранеше дека и тогаш но и како иден антикорупционер ќе го почитувал законот. Посочи дека како лустратор имал многу јавувања, а на пратениците им кажа дека и сега би ги поддржал.

И Ангел Ивановски, сега пензионер со 67 години сака да биде член во идниот состав на Државната комисија за спречување корупција. Тој како адвокат го бранеше Зоран Верушевски во случајот „Пуч“. Илиевски го тестираа дали добивал притисоци и како се соочувал со нив во Советот на јавни обвинители од каде што замина во пензија.

Адвокатката Светлана Попова, по сигурниот и впечатлив почетен настап од претставниците на невладиниот сектор беше посочена како донатор на политичка партија. Не негираше дека плаќала чланарина, но и дека била член на Правниот комитет на политичка партија. Се работи за партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Мирослав Трлин, по сигурниот почетен настап наиде на прашања за партиското минато. Кажа дека бил член на НСДП и на СДСМ, а не пријавил во биографијата дека бил член на Управен одбор. Тврдеше дека не добивал тендери, а новинарите му покажаа од сајтот на Комисијата за јавни набавки дека неговата фирма добила тендер за снабдување на Јавно претпријатие.

Џемаил Елмази како поранешен функционер тврдеше дека тоа што долго бил на функција покажува дека не паѓал под влијанија.

Внимание предизвика интервјуто со адвокатот од Штип, Панче Докузов, со богато искуство во борбата со корупцијата, имал над 100 иницијативи за оспорување на закони пред Уставниот суд од кои половината ги добил. А добил и две постапки пред Судот во Стразбур.

Сега доаѓа најтешкиот дел, оценка на кандидатите, според стручност и компетентност, а не по партиски интереси.

Секој од кандидатите може да добие максимум 100 бода и тоа во две фази. Комисијата за селекција ќе состави записник и ранг листа на кандидати за претседател и членови на Антикорупциската и ќе ги достави до Комисијата за избори и именувања. Се очекува овој дел од постапката да финишира денеска, а утре да биде изборот на седница на Собранието.

Каков ќе биде составот, дали партиите ќе се усогласат Антикорупциската да има Независни и стручни антикорупционери или луѓе чија кариера напредувала со помош на политичките партии, треба да се биде познато утре.

Изборот на кандидатите ќе покаже дали навистина овој процес на избор е со намера да се формира независно тело за борба против корупцијата или, пак, станува збор за фарса со цел повторно да се изберат кандидати зад кои стојат политички партии.

Би можело да ве интересира

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите за Јован, го обвинија и го судеа без докази само затоа што ми е син

Димитровска: ДКСК постигна значителен успех во борба против корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче 6 години криел 5 стана, неговите анкетни листови се доказ, ги праќаме во соопштение сами нека воочат

ДКСК побарала податоци за имотната состојба на генералниот секретар на Владата и за патувањето на синот на премиерот во САД

Антикорупциска ќе иницира постапка против заменик министер за распоредување на вработени за време на избори