Независната пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ предлага доброволен нарко тест за пратениците

Од:

Независната пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе поднесе иницијатива до Собранието, сите пратеници доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства.

Бараат Собранието в понеделник, да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе.

– Предлагаме и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, аднинистративни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници, да ни се придружат во намерата и на нашите граѓани да им дадеме добар пример во борбата против (зло)употребата на наркотични средства. Ги поттикнуваме сите вршители на јавни функции да го направат истото доброволно, стои во соопштението од независната пратеничка група група од ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија

Потенцираат дека нивното мото е „Конкретни предлози и чекори за позадоволни граѓани“.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски