Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија на едночасовната средба со работната група на Советот на Европската Унија за Западен Балкан/ Проширување – КОВЕБ/КОЕЛА ги искажавме очекувањата во јуни да бидат отворени пристапните преговори кон ЕУ.
-Нашата заложба и посветеност кон реформските процеси останува приоритет и цел за понатаму. Добивме признание за нашата досегашна работа и охрабрување да продолжиме во тој правец. Низ интерактивна дебата отворивме низа важни прашања за актуелната политичка ситуација и идните предизвици за македонското интегрирање во европското семејство, кадешто е нашето место, пишува во соопштението на независната пратеничка група.