Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Ова е важен момент кој за сите нас значи сигурност и мир

Од:

„Денес, после 26 години, Македонија конечно го потпиша протоколот за членство во НАТО. На граѓаните им честитаме за овој важен момент кој за сите нас значи сигурност и мир.

Горди сме што го препознавме моментот, важноста на оваа шанса за нашата татковина и искрено убедени ја поддржавме стабилноста и безбедноста за нашите граѓани.

Пред нас има уште многу предизвици, исправено ги чекаме и кон сите реформи ќе пристапиме одговорно и целосно ќе се вложиме Македонија да биде успешна приказна на Балканот, интегрирана и во ЕУ“, се вели во соопштението на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници