Независен полициски синдикат: Несоодветни услови за работа на ГП „Џепиште-Требиште

Од:

Службениците на полицијата на граничниот премин „Џепиште – Требиште“ на македонско-албанската граница работат во субстандардни услови, истакна денеска во Охрид претседателот на независниот полициски синдикат Гоце Делчев Тонев.

Тонев во изјавата пред медиумите дадена пред Командата на граничната полиција – запад истакна дека граничните полицајци работните обврски ги извршуваат во контејнер со две импровизирани простории, кои не се поврзани ниту на системот за напојување со електрична енергија ниту кон водоводната мрежа.

– Полицајците кон и од работа патуваат по два часа и вршат само гранични проверки бидејќи на преминот нема царинска контрола, изјави тој посочувајќи дека за проблемот го известил министерот за внатрешни работи од кого бара итно да интервенира да се подобрат условите за работа на граничната полиција.

Според Тонев, голем дел од полициските службеници кои работат во рамките на РЦ за ГР Запад се од Кичево и Македонски Брод, кои до своето работно место секојдневно патуваат по околу 150 километри во еден правец, а некои од нив немаат организиран превоз.

– Кога временските услови се лоши се случува во пат да поминат и до 7 часа со што за нив се создава проблем бидејќи тие во најмала рака во месецот губат по најмалку 75 часа во изминат пат и иако патуваат со службен превоз и потпишан патен налог, не им се евидентираат ниту како работни часови, ниту како прекувремени часови, посочи Тонев.

Заедничкиот пограничен премин „Џепиште – Требиште“ беше отворен на 17 мај во 2013 година, согласно договор на Владите на Република Македонија и на Република Албанија.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата