Незадоволен од одлуката на Управен за Струга и Кичево, Ибраими ја напушти седницата на ДИК

Од:

Бедредин Ибраими, член на Државната изборна комисија од ДПА, денеска ја напушти работата на изборната комисија, незадоволен од одлуката на Управниот суд да ги поништи одлуките на изборните комисии на Кичево и Струга, пренесува Нова Македонија.

Претходно Општинските изборните комисии за Струга и Кичево одлучија да не ги прифатат заедничките советнички листи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е атентат врз локалните избори, рече Ибраими на заминување.

Во тек е ждребањето за редоследот на гласачките ливчиња.

Инаку, вчера во образложението на Управниот суд за тужбата поднесена од подносителот на листата за Кичево, се наведува дека ОИК Кичево го донела оспореното решение спротивно на законските одредби. Не било земено предвид дека ВМРО-ДПМНЕ ја повлекла советничката листа за Кичево и оти Државната изборна комисија на седницата завчера го поништила решението на ОИК од 18 февруари за потврдување на оваа листа.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?