Невреме во Скопското подрачје

Од:

Во главниот град вечерва има позначително дестабилизирање на времето. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), зафатено е Скопското подрачје каде има силни електрични празнења, силен ветер и пороен дожд.

Оваа нестабилна воздушна маса полека се повлекува кон источните подрачја на земјава каде се очекува локално повторно да има пороен дожд и силни електрични празнења, информираат од УХМР.

Преку ноќта временската состојба постепено ќе се стабилизира.

В петок попладне и во сабота во повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме.

Потоа, во наредните денови продолжува периодот на нестабилно време со пороен дожд, грмежи, појава на град и засилен ветер.

Би можело да ве интересира

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан