Во 2012 година македонските граѓани во просек поминувале по 4 часа и 34 минути пред телевизорите во текот на денот, покажува анализата на Советот за радиодифузија.
Тоа е за 14 минути пократко време од минатата година, кога Македонците беа трети во светот по гледање телевизија. На дното на табелата беа Швајцарија, Шведска, Норвешка, Австралија.
Најверни гледачи, повеќе од половина се невработените, односно 56, 68 проценти.
Голем удел во програмските содржини имале странските ТВ канали, односно удел од 19, 9 проценти. Од македонските телевизии најмногу се гледаат турските серии, и тоа на ТВ Сител каде во 2012 година најгледан бил серијалот „Љубов и казна“, со рејтинг од 32, 23 проценти.
Меѓу првите десет гледани содржини за минатата година се наоѓаат уште седум епизоди од овој серијал. Од информативните програни најголема гледаност имале вестите на Сител во 16 часот со просечен рејтинг од 9, 64 проценти.
Проечниот број на лица кои во 2012 година гледале телевизија бил 363.158 гледачи, односно 19, 6 проценти од жителите на Македонија. Најголем процент од тие што седат пред телевизорот според старосната структура се над 65 години или 16, 12 проценти.
Најмногу телевизија гледаат во Скопје и Источна Македонија. Во однос на образовната структура најмногу гледаат ТВ со средно образование 39, 93 проценти и со основно или без образование 30, 41 проценти.
Петар Клинчарски