Неверојатно но вистинито: Се повредил пациент-бегалец со јаже

Од:

Напис на „Вест“, може да се смести во рубриката „Неверојатно но вистинито“.

Вест објави дека па­ци­ент од Градската општа болница  тешко се повредил при обид да из­бе­га, со помош на јаже, преку балконот од болницата.

Вес­та  ја потврдиле  од полицијата.

61-годишен пациент од Скопје бил на постоперативен третман на едо од хируршките одделенија во болницата, и му било забрането да се движи. и незабележан од персоналот, дошол на балконот од вториот кат на болницата. Со на­ме­ра да избега, почнал да се спушта по јажето. Но јажето ненадејно се скинало и тој пад­нал на плочникот пред болницата. Веднаш притрчал персоналот од приземјето. Пациентот повторно бил вратен во болницата. При прегледот било ут­вр­де­но дека има скршеници на двете нозе и повреди по телото, пишува „Вест“..
Полицијата  го испитува случајот и утврдува да­ли пациентот бил соодветно згрижен.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните