А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Телевизии со 5% гледаност: Неуспешен протест без 50% од студентите

by А1он10/12/2014 - 18:5711/12/2014 - 11:06264
Share0

Провладините медиуми протестите на студентите и учениците ги прогласија за неуспешни. Според нив требало да излезат половина од 60.000 студенти и 40.000 средношколци за да се сметале за успешни. Ова е ставот на власта кој беше промовиран како „научна теорија“ пред одржувањето на студентскиот марш. Но и како „несупешни“ веста за протестите беше презентирана како небитен настан по 20-та минута во вестите.

Добивај вести на вибер

По оваа логика со 2 до 5 проценти гледаност, овие телевизии треба веднаш да ги затворат своите студија и да заминат по дома, со оглед дека немаат ниту една десетина од гледачите, а гледаност ни до 30 проценти не постигнале ниту со најпопуларните турски серии. Рејтингот на вестите на кои го промовираат овој став е околу 5 проценти.

Ако се следи оваа логика на провладините телевизии, пресликана на владечката партија тогаш може да се постави прашањето дали истата е успешна на изборите со околу 400.000 гласа и дали ги претставува сите, ако се има предвид дека запишани гласачи се 1,749.000, односно е далеку од 50 проценти.

Медимите контролирани од власта веста за протестите ја пласираа подоцна во вестите, а заборавија да не потсетат и на изјавата на премиерот дека овој пат на протестот ќе имало помалку поддршка. Од тука е јасно дека пропагандата на провладините медиуми која интензивно се трудеше да ги спречи протестите на студентите и средношколците не вродува со плод, а уште посигурно е дека е контрапродуктивна и одамна прочитана.

Провладините медиуми калулираат со бројка од 2.000 до 3.000 студенти кои излегле на протест, но не покажуваат никаков широк кадар, гледачите сами да видат колку студенти има на улиците. Кој е бројот на студентите најдобро се гледа од интегралните видеа снимени на протестот каде 2.000 студенти поминаваат само во првата минута.

studenti

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Горан Наумовски02/12/2025 - 10:47

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски17/11/2025 - 10:1517/11/2025 - 11:32

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 09:35

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски18/10/2025 - 09:4918/10/2025 - 09:58

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

Горан Наумовски20/09/2025 - 11:12

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Горан Наумовски12/08/2025 - 10:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен