Неуспешен обид за предизвикување инцидент на активисти на Левица на Могилата на непобедените во Прилеп

Од:

Денеска, среде одбележувањето на 11 октомври и 80-годишнината од народното востание, активисти на Левица, во криптата на Могилата на непобедените во Прилеп се обидоа да предизвикаат инцидент кога државниот врв ги полагаше цвеќињата и венците и им оддаваше почит на борците чии мошти се во Криптата.

Обидот за предизвикување иницидент на активистите на Левица беше неуспешен. Никој од обезбедувањето не презеде ништо, туку само мирно беа заобиколени активистите и им беше оддадена почит на загинатите прилепски борци во НОБ и револуцијата.

Ова се случуваше пред да се одржат обраќањата на претседателот Пендаровскии, на Круме Соколоски од прилепскиот Сојуз на борци и на градоначалникот Илија Јованоски.

Во криптата на Могилата на непобедените се моштите на 462-јца прилепски борци од вкупно 650-те што ги дал Прилеп.

Би можело да ве интересира

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски