Несреќа на автопатот Скопје-Велес: Има загинати и тешко повредени

Од:

Ноќеска во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Скопје – Велес возило „опел корса“ управувано од С.Н.(30) од Велес, излетало од коловозот.

Во несреќата, од здобиените повреди С.Н. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобила Б.П.(19) и 16-годишна малолетничка, двете од Велес, завршиле на лекување во болницата во Велес.

Увид на местото извршиле екипа на СВР Велес и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски