Несовесни кавадарчани испуштаат фекалии во атмосферската канализација

Од:

Несовесни кавадарчани испуштаат фекалии во атмосферската канализација, реагираат незадоволни жители од општина Кавадарци. Роберто Паризов, претседател на еколошкото друштво „Еко-живот” од Кавадарци, во изјава за МИА вели дека е срамота, што одделни граѓани фекалната ја приклучиле во атмосферската канализација, која пак оди во реката Луда Мара.

– Ова е доказ до каде може да оди нечија непромисленост. Ова мора под итно да се реши, бидејќи се загадува околината, а се шири и непријатна миризба наоколу, нагласува Паризов.

Од Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци потврдија дека навистина има домаќинства од кои фекалната, е преусмерена во атмосферската канализација.

– Проблемот ќе го решиме најбрзо што може, со реконструкција на три улици, во кои ќе се раздели фекалната од атмосферската канализација. За тоа ќе бидат употребени дел од финансиските средства кои ги добивме како грант од КФВ банката, појасни Бојан Атанасов, раководител на работната единица за водовод и канализација.

Би можело да ве интересира

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он

Храбра акција: Кавадаречки пожарникари спасија куче од Луда Мара

Горан Наумовски

Илија Панов е осуден на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана

Газда на фирма од кавадаречко преку хакиран е-мајл измамен за 80.000 денари

А1он

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава

Учителка од Кавадарци шпионирала колешка кај директорката на училиштето