Нешто помалку од 15 илјади Македонци се вакцинирани во Србија, втората доза им е резервирана на исто место

Од:

Македонските граѓани и понатаму може да се вакцинираат во Србија доколку се пријават преку системот е – управа оти проблемот со коронавирусот не може да го реши една земја и колку подобро им е на соседите толку подобро ќе биде и за нас, рече денес српскиот министер за здравство Златибор Лончар, по средбата со нашиот министер за здравство Венко Филипче.

Министерот Лончар извести дека досега во Србија против коронавирус се вакцинирале нешто помалку од 15.000 Македонци кои втората доза, исто така ќе можат да ја примат во Србија.

„За граѓаните вакцинирани кај нас најмалку што можеме да направиме е другата доза да ја примат на истите места каде што ја примиле првата. Таа им е резервирана. Имаме евиденција на граѓаните ако е полесно можеме да се договориме тие вакцини да ги отстапиме и вие да организирате вакцинирање. Има уште околу 12 недели, се тоа е работа која може да се договори“, рече министерот Лончар.

Најголем дел од вакцинираните македонски граѓани во Србија ја добија вакцината од „Астра зенека“ која кај нас е забранета за лица под 60 години.

Министерот Лончар најави дека вакцинирањето на македонските компании во договор со српските здравствени власти ќе продолжи и во следниот период.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски