Несакана бременост во период на адолесценција

Од:

Несаканата бременост кај тинејџерите веќе не е толку редок проблем како што беше тоа порано. Само во САД годишно има околу еден милион тинејџерки кои се забременуват, а 85 проценти од нив се со несакана бременост.
Најголемиот ризик за тинејџерките мајки е одложувањето на пренаталната нега или уште полошо, 7,2 проценти од нив воопшто не ја добиваат.

Причината за недостатокот на пренатална нега е обично одложување на тестовите за бременост, негирање или страв да се соопшти бременоста пред родителите.

Бидејќи телото на тинејџерките сеуште расте, на мајката ќе и биде потребна поголема нутрициона поддршка за да ги задоволи нејзините и потребите на бебето. Советувањето може да има голем удел во пренаталната нега, и обично тоа треба да биде направено од доктор или понекогаш од нутриционист.

Друг проблем кој ги погодува младите мајки е и употребата на дрога и алкохол, како и пушењето. Ниедна од овие супстанци не е безбедна за време на бременоста. Нивната употреба може само да ја искомплицира бременоста и да доведе до предвремен пород или спонтан абортус.

Некои мислат дека мајката-тинејџер не може да научи ништо за потенцијалните проблеми кои одат со бременоста, но тоа не е точна забелешка. Многу од мајките се одлучуваат да родат здраво бебе и покрај тешките моменти и проблеми со кои ќе се соочат понатаму. Поддршката од семејството и заедницата е обврзувачка за мајката за да може новата фамилија да биде успешна.

Кај нас во Македонија степенот на бременост во адолесценција постепено расте. Телото на тинејџерот е во фаза на развивање.Сеуште половите органи не се доволно развиени. Мајката не може да го нахрани своето дете,зошто нема доволно млеко во своето тело.Со неразвиени полови органи се случува појава на спонтани абортуси, кога матката не може да го прими плодот. Со откривањето на бременоста кај самиот тинејџер се појавува страв, желба за абортус. Всушност самиот проблем несакана бременост кај адолесценцијата претставува голема мака, како за самите деца ,така и за родителите на тие деца.

Кога самите родители ќе дознаат дека нивната ќерка е бремена,тие пред се бурно реагираат и најчесто абортусот се врши под присила на родителот. Абортусот е најпогодно да се изврши во период до третиот месец од бременоста. Најпогодно да се очекува потомство е периодот над 21 година, кога телото е подготвено да го прими плодот а исто така и психички да се справи. Случаите на нелегално абортирање се намалуваат во земјава , а секако дека е најдобро да се изврши во здравствена установа. Мојот совет како гинеколог, акушер е секогаш при полов контакт да се користи соодветна заштита, живееме во време кога постојано се вршат најразлични презентации како да се спречи несакана бременост и појавата на полови заболувања .
Др. Сара Кочишки

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти