ТВ Канал 5 создаде паника во Македонија

Од:

Медиумите, во обидите за поголема гледаност се повеќе ги преминуваат сите граници на професионалното новинарско однесување.

Најновата реклама (тизер), на Канал 5 каде што водителката на вестите соопштува дека се случила авионска несреќа и дека екипите се на терен отиде и чекор натаму и ја премина границата на одговорно однесување и вознемири и внесе паника кај многу граѓани.

„Почитувни гледачи ја прекинуваме програмата за веста која штотуку ја добивме. Се случи авионска несреќа, веднаш по полетувањето авионот падна. Повторувам, се случи авионска несреќа, засега не е познат бројот на жртвите. Очекуваме вести од местото на настанот, ќе се јавиме повторно“, рече презентерката на вестите, Татјана Стојановска.

Ваквите евтини обиди за популарност не заслужуваат ништо друго освен осуда и соодветна реакција од надлежните институции. Секако и овој евтин обид ќе предизивика само спротивен ефект од оној што креаторот го замислил и очекувал. Стотици граѓани по оваа „информација“ испаничени се јавувале на скопскиот аеродром чии блиски и пријатели патувале со некои од летовите од „Александар Велики“.

Тизерот со кој ги потресе граѓаните Канал 5 го користи за најава на нова серија која ќе се емитува на нивната телевизија.

КРАЈ.

Би можело да ве интересира

Гулаб слета на главата на новинарката непосредно пред да известува во живо, нејзината реакција насмеа многумина

Почина Барбара Волтерс

Ипсос: За време на епидемијата српските граѓани повеќе се пред ТВ, а македонските на интернет

А1он

Тотал ТВ бесплатно ги отвори дополнителните канали за своите претплатници

Ландов

СЗО: На децата треба да им се ограничи времето поминато пред ТВ екран

„Нетфликс“ на гледачите ќе им нуди сами да го изберат крајот на ТВ серија

Наум Локоски