А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Неправилности во фискализацијата кај 58 објекти

by А1он13/11/2014 - 15:15140
Share0

Управата за јавни приходи во заедничките контроли со МВР и Државниот пазарен инспекторат од 4 до 12 ноември контролираа 150 објекти од кои неправилности во делот на фискализацијата се утврдени во 58.

Добивај вести на вибер

Во Скопје се контролирани 40, а неправилности се утврдени во 16 објекти, во Тетово 13 при што неправилности се утврдени во 11 објекти, во Гостивар од 11 контроли неправилности се констатирани во осум, во Куманово од 11 контроли неправилности имало во девет, во Струга се контролирани девет објекти, а неправилности се утврдени во два. Во Велес имало контроли во 13 објекти од кои во пет имало неправилности, во Кичево од пет контроли во две имало неправилности, во Охрид од контролирани седум во еден. Во Кочани во трите контролирани имало неправилности.

Во контролата неправилности не се утврдени во Битола, Радовиш, Дебар и Берово.

Од Управата за јавни приходи наведуваат дека контролите се спроведуваат на целата територија на Република Македонија и се насочени кон ризични обврзници кај кои постојат сознанија дека не се почитува законот за пушење, работното време и не се регистрира готовинскиот промет.

Редовните контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат продолжуваат.

ujp

Би можело да ве интересира

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

Горан Наумовски03/02/2026 - 14:56

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он17/01/2026 - 13:00

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:15

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски16/01/2026 - 11:3316/01/2026 - 11:34

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Горан Наумовски15/01/2026 - 16:14

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура

Катерина Ѓуровски01/01/2026 - 09:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен