Непознато лици со дрон ги снимало објектите на „Џеваир Холдинг“

Од:

Непознато лице, кое излегло од патничко возило „Мерцедес“ со косовски национални ознаки, со дрон ги снимало објектите на турската компанија „Џеваир Холдинг“.

Случајот вчера, во 16 часот, во полициската станица Аеродром го пријавил Б.Т. (44), директор на обезбедувањето во „Џеваир Холдинг“.

Како што соопшти денеска МВР, вработен во обезбедувањето реагирал, а непознатото лице на англиски јазик му возвратило дека сакало да го испроба дронот. Тој бил предупреден дека такво нешто не е дозволено во кругот на „Џеваир Холдинг“, по што го земал дронот и го напуштил местото.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби