Непознати лица нападнале тетовчанец

Од:

Десет минути по полноќ, во Тетово на улица  „ЈНА“ Н.С. (19) од Тетово, бил нападнат од пет – шест непознати лица. Додека се движел одзади бил фатен од едно лице во пределот на вратот и соборен на земја, а останатите започнале да го удираат по главата и телото, по што избегале.

Оштетениот побарал лекарска помош во Клиничката болница Тетово, каде покрај повредите во вид на отоци и црвенило, констатирана му е расекотина на десното рамо нанесена од остар предмет.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата