Неподвижен маж почина во пожар во Сопиште

Од:

70-годишен неподвижен маж настрада во пожар во Сопиште. Како што информира полицијата, вчера во 20,20 часот на улица “1” во скопското село Сопиште, настанал пожар во куќа, по што опожарени биле две соби, a во една од собите било пронајдено телото на П.С.(70) кој подолг период бил неподвижен.

Починатиот живеел со неговиот син, кој во моментот на пожарот не бил дома. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Од страна на екипа на Противпожарна единица пожарот е изгаснат. Увид се врши во текот на денешниот ден.

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски

19-годишник пронајден мртов во стан во Битола

Уапсен 18 годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски

Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка