Неопходна помош за да прогледа 5-годишната Симона од Охрид

Од:

5-годишната Симона Јовеска од Охрид од своето раѓање живее во темница. Нејзината самохрана мајка вели дека нејзината ќерка воопшто ја нема прогледано светлината на денот.

„Уште на тримесечна возраст забележав дека нешто не е в ред со нејзиниот вид. Надежта последна умира и се што треба ќе направам моето дете да прогледа и да ја пратам на училиште“, вели мајката на Симона, Гордана Силјаноска, на која и е добредојдена секаква помош бидејки е само храна мајка.

Таа минатата година за локалната телевизија Тв М рече дека докторите во Македонија и советувале да оди во Белгија, на клиниката за вградување ретина, Св. Августин, но оти пропаднале 3.000 евра, бидејќи од Македонија заминале со погрешна дијагноза.

За време на новогодишните празници семејството на малата Мона ја посети советникот во охридскиот совет и бизнисмен Љупчо Настовски кој финансиски помогна да биде набавена неопходната терапија со која би се овозможило подобрување на состојбата на ова мало девојче и продолжување на лекувањето

„Домот и семејството на малата Мона го чуствувам како свој. Јас станав дел од ова семејство и ова семејство никогаш нема да го заборавам, посебно малата Симона. Минатата година сакав да прогледа, но најголема желба во новата година ми е Симона да прогледа“, вели Настоски.

„И двајцата имавме желба Мона да прогледа, но се надеваме дека тоа ќе се случи оваа година“, рече мајката Гордана

Претходно и охридската општа болница помогна за малата Мона. Беше организиран превоз до клиниката за детска неврологија во Скопје на дополнителни прегледи, а беше обезбедена потребната терапија

„Се надеваме дека лекувањето на малата Мона ќе заврши успешно. Нејзината болест е од хроничен карактер и потребни се дополнителни испитувања и лекувања. Така ни рекоа од клиниката во Скопје. Но мислам дека случајот ќе има среќна завршница на радост на сите“, рече Сашо Василевски доктор во општа болница Охрид.

Сите кои сакаат да помогнат можат да донираат средства на:
200001974919313
Стопанска Банка
Гордана Силјаноска

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска