Немаме камиони, немаме доволно луѓе – реакција на синдикатот на Комунална хигиена која најави постапки против раковдството

Од:

СУТКОЗ – единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности и ССМ ја известуваат јавноста дека на 21.10.2025 година во 11:30 часот, Извршниот одбор на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП Комунална хигиена Скопје, одржа состанок на кој се разговараше за состојбата во претпријатието. На состанокот беа поканети раководството на претпријатието, односно директорот на претпријатието (кој не дојде на состанокот) и Управниот одбор на претпријатието.

– Досега неколку месеци на вработените во претпријатието платата им се исплаќа со задоцнување и покрај нашите сознанија дека на сметката на претпријатието, редовно од наплатата на сметките од граѓаните се префрлаат парични средства.

И покрај тоа што се доцни со исплатата на платата за месец Септември, сакаме да ја известиме јавноста дека вработените во претпријатието редовно ги извршуваат своите работни задачи со средствата кои им стојат на располагање, а истите се во недоволен број, односно има недостаток на камиони за собирање на смет, а за поголем број од нив нема резервни делови и не се во возна состојба.

За таквата ситуација вината не е кај вработените во претпријатието, кои вложуваат максимални напори да се собере сметот, туку кај раководството на претпријатието.

Вработените во претпријатието и СУТКОЗ ќе ги преземат сите мерки против раководството на претпријатието кои им стојат на располагање, согласно Законите и Колективните договори (кривични пријави и пријави до Државниот инспекторат за труд), притоа водејќи сметка да не се доведе во прашање положбата или здравјето на ниту еден вработен во претпријатието, како и здравјето на граѓаните на град Скопје, се вели во соопштението од синдикатот.

Би можело да ве интересира

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Определена е мерка притвор за директорот на „Комунална хигиена“

А1он

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Приведен е директорот на Комунална хигиена Сабахудин Рустеми

Катерина Ѓуровски