Нема зголемyвање на цената на водата за пиење во Дебар

Од:

Во општина Дебар нема зголемување на тарифите за водни услуиги и на водата за пиење, со што тие остануваат на ниво од 2010 година.

Ваква одлука по предлог на Јавното комунално претпријатие „Стандард“ усвои Советот на општината на денешната деветта редовна седница.

– По барање на Регулаторната комисија за енергетика која сега ја определува цената на водата за сите општини, Управниот одбор на нашето претпријатие донесе одлука за утврдување на тарифи за водни услуги и снабдување со вода за пиење, за период 2018/2020 година. Со оваа одлука остануваат истите тарифи како и досега односно во согласност со одлуката од 2010 година, објасни директорот на ЈП „Стандард“, Мазлум Леши.

Тој ја отфрли како неточна сугестијата на дел од советниците дека процентот на наплата за потрошена вода и подигнат смет е видно намален и изнесува околу 15 отсто, додавајќи дека процентот на наплата за ланската година е 75 отсто. Сепак, призна дека претпријатието побарува 1,5 милиони евра по основ на неплатени сметки за потрошена вода и подигнат смет.

Членовите на Советот донесоа и две одлуки за одредување приоритетни проекти за аплицирање на јавниот повик на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој.

Едниот проект се однесува за целосна реконстукција на локалниот пат за селото Бањиште, во должина од над 2.5 километри и инвестиција од над 11 милиони денари, а вториот за изградбата на „Краварски пат“ во должина од 750 метри и инвестиција од 6,7 милиони денари. Во двата проекта средствата се обезбедуваат партнерски од Агенцијата 82 отсто и 18 отсто од буџетот на општина Дебар.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар

Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион