Нема седница за Анкетната комисија за Онкологија, рокот за заклучоци е до 3 декември

Од:

Анкетната комисија за скандалот со Клиниката за онкологија денеска нема да заседава и покрај тоа што рокот за донесување заклучоци е до 3 декември, потврди за МИА претседателката на Анкетната комисија, Рашела Мизрахи. Пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата вчера излегоа со различни заклучоци.

– Сѐ уште сум во шок поради тоа што пратениците од мнозинството не сакаат да ја испочитуваат одлуката на пленумот, каде што се бара, доколку има, да се одреди политичка одговорност за лице со име и презиме. Оти во нашата одлука, член 2 став 2, стои утврдување на политичка одговорност на здравствени и други владини функционери, рече Мизрахи за МИА.

На вчерашната седница имаше несогласувања меѓу членовите на Комисијата околу заклучоците за утврдување на политичка одговорност.

Претседателката на Комисијата, Рашела Мизрахи соопшти дека политичка одговорност е утврдена кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, тогашните медицински и економски директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, тогашната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Букова, како и тогашните директори на ФЗО Стево Кртсевски и Фатон Ахмети заради прекршување на уставните начела, непостапување согласно надлежностите пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи.

Пратениците од СДСМ не се согласија со овие заклучоци кои, како што рекоа, се заклучоци само од членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Побараа оставка од претседателката на Комисијата.

Тие доставија свои заклучоци со кои бараат од ОЈО под итно да ги расчисти сомнежите за злоупотреба на терапија на Клиниката за онкологија, како и потенцијалното негативно влијание врз здравјето и животот на пациентите.

Одлуката за формирање на Анкетната комисија беше донесена на 20 септември по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа Клиника. Јавното обвинителство отвори и предистражна постапка.

Наводите за злоупотреба на лекови на Клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и протести.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

СДСМ: По 20 години, во наше време, се расчистува случајот Онкологија, лагата на ДПМНЕ се покажа и со Анкетната комисија

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Се кратела ли терапија од пациенти, се препишувале ли лекови на починати, каде завршиле скапите лекови – хаос во документацијата на Онкологија

Тројца онколози и двајцата директори осомничени за скандалот Онкологија – обвинителството отвори постапка

Задржани четири лица во врска со скандалот на Онкологија