А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Нема пријавени штети во земјава од земјотресите во Албанија

by Маја Илиевска-Пачемска26/11/2019 - 09:4626/11/2019 - 09:56353
Share0

Во Центарот за управување со кризи засега нема пријави за штети од земјотресите во Албанија. Од таму најавија дека дополнително ќе ја информираат јавноста во текот на денот доколку добијат пријава на штета.

Добивај вести на вибер

Сеизомолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и официјално соопшти дека утрово се регистрирани серија земјотреси, чии епицентри потекнуваат од соседна Република Албанија, од подрачјето на Драч, на растојание 170 km југозападно од Скопје.

„Најсилен досега од оваа серија е земјотресот во 03:54 часот со локална Рихтерова магнитуда од 6.3 и беше почувствуван на целата територија на Републиката. Според досегашните податоци земјотресот е почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во западните делови на Републиката односно во Охрид, Струга, Дебар, Гостивар и Тетово, IV-V степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од III-IV степени според истата скала во источните делови“, известија од Сеизмолошката опсерваторија.

Од Центарот за управување со кризи велат дека граѓаните засега само сакаат да се информираат за земјотресите и за тоа од каде е нивниот епицентар.

Во Албанија медиумите јавуваат за најмалку шест жртви од серијата земјотреси и големи материјални штети.

zemjotres

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Боливија

Горан Наумовски08/02/2026 - 17:37

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45

Силен земјотрес го погоди Мјанмар

Горан Наумовски03/02/2026 - 16:59

Почувствуван земјотрес во Охрид и Струга, епицентарот во Албанија

Горан Наумовски16/01/2026 - 12:0416/01/2026 - 12:04

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во Прилеп и околината

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:11

Земјотрес ја погоди Бања Лука: Потресот е почувствуван во неколку градови

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен