Нема прекршочни постапки за радиодифузерите во првиот период

Од:

Привремената комисија за следење на медиумското преставување на денешната седница реши да не поднесе предлози за прекршочни пријави против радиодифузерите до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми.

Според општиот заклучок на Привремената комисија,  се оценува дека информативните изданија на радиодифузерите биле главно неутрални, а медиумите се обиделе да обезбедат ставови од повеќе извори.

Привремената комисија воедно ги повика медиумите да ги почитуваат законските обврски да известуваат балансирано, и да избегнуваат поистоветување на партија со државата.

– Мониторингот на медиумите во периодот од 2 до 11 септември 2016 година покажа дека изборот на темите главно беше диктиран од општествени настани кои се од интерес за граѓаните. Информативните изданија на медиумите беа главно неутрални, а медиумите се обидоа да обезбедат ставови од повеќе извори со цел презентирање на различни гледишта на јавноста. Во овој период медиумите се обидоа да ги издвојат новинарските жанрови – извештај од коментар/осврт со цел јавноста да може јасно да разликува што е инфорамција за настан, а што коментар/став за одреден настан, тема. Укажуваме дека медиумите во иднина треба јасно да ги почитуваат и применуваат стандарите за новинарски жанрови и истите да ги означуваат, пишува во заклучокот на Привремената Комисија.

Привремената комисија го разгледуваше извештајот на АВМУ за известувањето на 18 телевизии и радио-дифузери. Согласно методологијата на АВМУ, на 100 дена пред изборите се разгледува почитувањето на Изборникот Законик од страна на радиодифузерите, при што членовите кои се однесуваат на баланс во известувањето и поистоветувањето на партија со држава се разгледуваат во 10 – дневни периоди.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

A1on

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола