Нема правда за вработените од „Славија“

Од:

И на пеколно топлото време, поранешните вработените во АД „Славија“ не се откажуваат од протестите за своите пари. Симболично, денеска се врзуваа со ланци за оградата пред Управната зграда на фирмата.

Овие луѓе се свесни дека со нив се манипулира и се купува на време се со цел да се откажат од парите.

Им беше ветено дека пред два дена ќе падне договор за исплата на парите што им ги должат, но тие останаа пред портата на Управата на Славија.

Иако имаат позитивна судска одлука, 1. 364 вработени се уште не можат да ги добијат 39 те плати со вкупен износ од околу 5 милиони евра.

Најавуваат дека протестите ќе траат се додека не се реши нивниот проблем.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите