Нема повредени македонски мировници во нападот во Кабул

Од:

Нема повредени припадници на АРМ во нападот што се случи изутрината во близина на базата во Кабул каде што се сместени македонските мировници, информира денеска началникот на ГШ на Армијата на Република Македонија генерал мајор Горанчо Котевски.

Сите припадници на македонскиот контингент во Авганистан се во добра состојба, истакна генерал Котевски, кој заедно со министерот за одбрана Фатмир Бесими претпладнево во касарната „Илинден“ засадија дрвца во рамки на акцијата „Ден на дрвото“.

– Добро е што нашиот контоингент е професионално поставен и нема ниту жртви ниту повредени, изјави министерот за одбрана Фатмир Бесими, додавајќи дека е добро оваа вест да се сподели навремено за да ја слушнат семејствата на нашите мировнци и граѓаните на Македонија.

Одговорноста за денешниот самоубиствен напад во близина на американската база Кемп Егарс во Кабул ја презедоа талибанците. Во инцидентот загинале двајцата напаѓачи и двајца членови на обезбедувањето на базата, а петемина цивили се повредени.

Би можело да ве интересира

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата