Нема построги мерки поради британскиот сој кај нас, се пренесува 70 отсто побрзо, но формата на болеста била полесна

Од:

Здравствените власти нема да бараат воведување построги мерки за заштита од ширењето на Ковид–19 откако во земјава беше потврдена британската мутација на вирусот поради кој во многу земји во светот беа воведени дополнителни рестрикции.

Не се размислува за воведување негативен ПЦР тест за влез во Македонија, а на сила остануваат сегашните мерки, односно задолжителна маска, дистанца и забрана за групирање на повеќе од четворица.

Од Министерството за здравство за „А1он“ велат дека нема потреба од построги мерки оти иако британскиот сој на вирусот многу побрзо се шири, лицата што ќе заболат биле со полесна клиничка слика.

„Носењето маски и држењето дистанца се клучни, посебно со оваа форма на мутација на вирусот и тие мерки мора да се почитуваат. Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство будно ја следат епидемиолошката ситуација, но засега нема да препорачат друг тип или дополнителни превентивни мерки. Мутацијата на британскиот сој на вирусот СарсКов 2 за 70% побрзо се пренесува, но според објавените публикации типот, формата на болеста е полесна од она што беше претходно. Здравствениот ситем е подготвен и поставен, остануваме внимателни и ја следиме состојбата“, велат од Министерствоти за здравство за „А1он“.

Од таму не одговорија конкретно на прашањето зошто нашата Комисија за заштита од заразни болести има различен став во однос на новиот сој за разлика од здравствените власти во земјите кои затвораат граници и ги продолжуваат локдауните.

Британскиот сој на коронавирусот во Македонија беше потврден вчера во лабораторијата на Клиничката болница „Жан Митрев“ кај 46 – годишен пациент кој кажал дека не патувал надвор од државава. Тој првпат се јавил на лекар на 29 декември со покачена температура и отежнато дишење, направил брз тест кој бил позитивен, а на 4 јануари бил хоспитализиран. Пациентот се води како оздравен од 22 јануари.

Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во „Жан Митрев“ кој го утврдил присуството на британскиот сој кај нас, денес објасни дека е многу веројатно дека овој сој ќе стане доминантен во Македонија, како и во многу други земји оти многу брзо се шири. Тој рече дека постојат податоци кои говорат дека овој сој на вирусот може да ја зголеми смртноста кај заболените пациенти за 30 отсто, но тоа да стане релевантен податок треба уште подетални студии.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска