Нема починато 19-годишно девојче во Тетово, туку 59-годишна жена

Од:

Нема починато 19-годишно девојче во тетовската Општа болница, туку 59-годишна жена, потврдуваат од Министерството за здравство за „А1он“. Станува збор за превид поради напишан погрешен матичен број на починатата пациентка, од каде се извлекуваат податоците за возраста и идентитетот.

„Нема почината пациентка на 19 годишна возраст во Клиничката болница во Тетово“, велат од Министерството за здравтво.

Информацијата за „А1он“ ја коригираше и докторот Гзим Нуредини, координатор на ковид – центарот при Клиничка болница во Тетово.

Координаторот Нуредини посочува дека жената имала и претходни заболувања. Таа страдала од дијабетес и имала прекумерна тежина. Поради тоа што била во тешка здравствена состојба, таа била ставена на респиратор за дишење.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски