Нема отстапки за фудбалерите што ќе дојдат од Италија за натпреварот со Косово, ќе имаат скрининзи за коронавирус

Од:

Нема да се прават никакви отстапки за фудбалерите кои до 26 март треба да пристигнат од Италија за фудбалскиот натпревар со Косово. И во двете репрезентации, македонската и косовската има фубалери кои настапуваат во италијанските првенства, таму живеат и треба да дојдат за натпреварот на 26 март во Скопје.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека доколку по зајакнувањето на безбедносните мерки во Италија нема промени во однос на патувањата, за нив во нашата земја ќе важат истите правила за заштита од коронавирус кои важат и сега.

„Ќе ги чекаме денешните препораки од италијанските здравствени власти, да видиме какви заострени мерки воведуваат во споредба со овие досега. Имавме прашања од повеќе институции коишто очекуваат гости, странци за повеќе поводи и настани. За сите ќе важи истиот алгоритам и став доколку ситуацијата е како што е сега. Ќе мора да поминат на сите скрининзи на аеродромите или на сувоземните премини, да се следат алгоритмите, да се направи интервју и после тоа да се постапи согласно тие препораки. Нема отстапување од тоа што е препорачано од Комисијата за зарани болести од Комитетот којшто ги следи овие состојби за било кој човек којшто доаѓа од било каде“, рече министерот Филипче.

За нашата репрезентација од Италија треба да пристигнат Горан Пандев, Илија Несторовски и Елиф Елмаз.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска