Нема новозаразени од Ковид-19 во Кичево, регистрирани четворица оздравени

Од:

Денеска нема новозаразени лица од Ковид-19 во Кичево, а четири лица се оздравени, според податоците од Министерството за здравство. Со тоа вкуниот број на заразени од Ковид-19 во нашата општина е 269 лица , од кои 66 се активни, 191 се излекувани и 12 лица се починати, информира градоначалникот и раководителот со Кризниот штаб на општина Кичево Фатмир Дехари.

-И денешните податоци зборуваат дека имаме намалување на активните случаи во Кичево, вели Дехари.

Тој упатува апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски