Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници, отворени две телефонски линии за информации

Од:

Отворени се две нови телефонски линии за информирање на граѓаните и здравствените лица со мајмунските сипаници. Граѓаните можат да добијат информирации на телефонскиот број 076/233-791, а здравствените работници на 076/233-792.

Од Институтот за јавно здравје информираат дека епидемиолози исконтактирале со лицата кои биле во контакт со позитивните лица со Mpox и оти тие немаат никакви симптоми на заболување. Двете лица кај кои е констатиран вирусот, како што информира ИЈЗ, се во добра состојба.

Од Институтот соопштуваат дека нема нови сомнителни случаи кои што се испратени за тестирање.

-Во текот на вчерашниот ден беа објавени препораки на веб страната на ИЈЗ до граѓаните. Дополнително, ИЈЗ изработи краток водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за сомнителните случаи и истиот беше доставен до Министерството за здравство кое што ги проследи до надлежните здравствени институции. Институтот за јавно здравје, Министерство за здравство, заедно со останатите надлежни институции се во постојана комуникација и координација и остануваат посветени во следење на актуелната состојба како и справување со истата. Засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок, се наведува со соопштението на ИЈЗ.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари